Заев го повика Собранието да се одблокираат законите за медиуми и ААВМУ
Зборувајќи за реформите што се преземаат во сите сфери пред почетокот на преговори со ЕУ во јуни 2019, премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања го повика Собранието да се одблокира законот за медиумите и законот за Агензијата за аудио и аудиовизуелни медиусмки услуги (ААВМУ).
- Апелирам час поскоро тое закони да се одблокираат. Затоа што самите закони предвидуваат двотретинско одлучување во делот на органите на управување - програмскиот совет, главен директор..., рече Заев, нагласувајќи дека треба многу да се работи на реформите, критериумите и стандардите.
Реформите во јавната администрација треба да ја департизираат и да доведат до нејзина поголема професионалност. За правосудството првата фаза е помината во Собранието и тој очекува втората фаза да биде заокружена наесен.
- Во тој втор исчекор треба сериозно да се зајакне одговорноста при носење судски или обвинителски одлуки, истакна премиерот.
Во однос на реформите во безбедноста Заев очекува овие денови да се постигне договор за директорот на Оперативно-техничката агенција-ОТА кој се гласа со две третини од пратениците.
- Тоа ќе биде прв чекор кон создавање независна институција која ќе се бори против организираниот криминал и корупцијата, додаде Заев.
Ново на Сител
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково