Заев: Ги прифативме стандардите и протоколите за Ковид-19 на Светскиот совет за патување и туризам
Премиерот Зоран Заев синоќа во Струга имал средба со претставници на 40 тур оператори и хотелиери од Полска на која ги претставил придобивките од кампањата „Безбедно како дома“ за привлекување на странски туристи.
Во обраќањето до полските тур оператори, премиерот изразил уверување дека авио линиите Варшава – Скопје, Варшава – Охрид и чартер летовите Катовице – Охрид се основа за реален оптимизам и дека актуелната летна сезона ќе донесе поголем број на полски туристи.
Од владината прес-служба информираат дека премиерот во своето обраќање потенцирал дека Македонија со кампањата „Безбедно како дома“ ги прифатила светските стандарди и протоколи за КОВИД-19 на Светскиот совет за патување и туризам (WTTC). Кампањата била одлично прифатена во Полска и Турција од каде се очекуваат најголем број на туристи.

– Заедно со маркичката за Сигурно патување (Safe Travel) која потврдува дека Македонија ги применува истите протоколи како повеќе од 100 светски туристички дестинации за безбедност утврдени од Светскиот совет за патување и туризам (WTTC) за 2021 година, кампањата е чекор повеќе кон целта оваа година да порасне бројот на туристи од Полска кои учествуваат со 5 проценти во вкупниот број на странски туристи и приближно 7 проценти од вкупните остварени ноќевања што ја вбројуваат меѓу првите пет земји кои според бројот на туристи летуваат во Охридскиот регион, се наведува во соопштението од Владата.
Средбата со полските тур оператори ја организираше хотелската асоцијација ХОТАМ во соработка со полската агенција Рего Бис, која неделно има три чартер линии за Охрид од Варшава и Катовице.

На средбата се обратиле и Павел Ниевиадомски, главен претседател на Европската асоцијација на туроператори и туристички агенции и Габриела Манка Сокулу, сопственик на туроператорот Рего Бис.
Ново на Сител
-

Се скарале, па истурил врело кафе врз сопругата - уапсен 52-годишник од гостиварско
-

16,7 милиони денари префрлени за наводна набавка на пилешки нозе – Финансиската полиција откри шема
-

Телото на исчезнатиот скопјанец синоќа било извлечено од водите на Охридското Езеро
-

„Иднина која инспирира“: Пет проекти добиваат поддршка од dm, а граѓаните избираат меѓу три за дополнителна поддршка
-

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор, Весељи на 18
-

До сабота стабилно време, од понеделник дожд
-

Николоски: Да се најде решение за превозниците и да се овозможи слободен проток на стоките
-

Саудиска Арабија откажува испораки на нафта за Европа по напад со дрон - Цената на берзите е 122 долари за барел
