Заев: Ги обезбедивме сите предуслови да осигураме европски квалитет на живот во општините

Денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев заедно со кандидатот за градоначалник Ферат Асан и носителката на листата за советници Нежмие Саитова се обрати пред граѓаните на Шуто Оризари.
Претседателот Заев пред граѓаните истакна дека за СДСМ нема важна и неважна општина, а доказ за тоа се бројните инвестиции во Шуто Оризари.
Тој меѓу другото се осврна и на успесите што Владата предводена од СДСМ ги постигна во изминатите четири години.
„Овозможивме целосна вклученост на сите граѓаните во општеството. И со тоа покажавме дека се грижиме за сите. Ги враќаме парите кај граѓаните, помагаме на социјално загрозените граѓани преку социјалната помош од државата - но и извлекуваме од сиромаштија. Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти.
Вие знаете колку корисници на гарантиран месечен приход, на детски додаток, на образовен додаток, на социјална пензија, има само овде во вашата општина. Воведовме образовен додаток за основци и средношколци од семејства во социјален ризик.
Ја вративме евтината тарифа на струјата, ја укинавме радиодифузната такса и го намаливме ДДВ-то за парно. За три пати се зголемени минималната и просечната плата. Воведовме социјалана пензија за граѓаните кои немаат никаква пензија. Имаме рекордно ниска невработеност денес – од независноста на државата! Со сето ова ги обезбедивме сите предуслови да осигураме европскиот квалитет на живот во општините“, истакна Заев.
Заев ги повика граѓаните на Шуто Оризари во недела да дадат масовна поддршка на бројот 12 и концептот на СДСМ што води напред.
„За Шуто Оризари ја имаме најдобрата понуда, тоа е вашиот Ферат Асан, носителката на листата Нежмие Саитова, тоа е СДСМ и Коалицијата. Во недела да гласаме масовно за број 12, да гласаме за „Најдоброто“ за Шуто Оризари!“, повика Заев.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
