Заев: Еден гол за сите, една победа за сите, македонската историја не памети ваков успех
Македонската фудбалски репрезентативци кои од Тбилиси ноќеска слетаа во Приштина, по остварувањето историски пласман на Европското првенство, во раните утрински часови беа пречекани од премиерот Зоран Заев на граничниот премин Блаце.
Заблагодарувајќи се на дочекот во раните утрински часови капитенот на репрезентацијата Горан Пандев потенцира дека верувал од почеток во својот тим и дека ова е голема радост.
-Доживеав на 38 години да одам на Европско првенство и тоа е мојата најголема радост. Знам дека поминавме долг пат за да дојдеме до ЕП, но верував во овие момци уште од самиот почеток, дечките навистина го заслужија ова и на крајот и ние фудбалерите конечно се израдувавме на Европско првенство .Сонот ни се оствари и се уште не сме свесни што направивме и колку е ова навистина огромен успех, рече Пандев.
Македонскиот национален тим синоќа во баражот во Тбилиси ја совлада Грузија со 1:0 со голот на Горан Пандев и првпат во својата историја избори пласман на Европско првенство.
Ново на Сител
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија
-
Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото
-
Извештај на ЕК : Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт
-
Израел проценува дека 51 заложник држени во Газа се живи
-
БиХ: Во Јабланица се одржуваат локалните избори одложени поради поплавите