Македонија
30. September 2021 - 12:36

Заев е загрижен по најавите за враќање на визите за патување во ЕУ

Премиерот Заев вели дека е загрижен од можноста ЕУ да ги врати визите за земјите од Западен Балкан, иако според него Македонија не го злоупотребува безвизниот режим.

Премиерот Заев е оптимист дека дијалогот со Бугарија може да се рестартира. Тој гледа позитивна клима во Софија, која треба да се искористи.

Заев се надева дека до крајот на годината земајва сепак ќе почне со преговори со ЕУ и на тоа вели работат тимовите од МНР.

Според Заев местото на регионот е во Европската Унија, но тој треба прво да се европеизира во повеќе сфери. За таа цел, вели, е направена и новата методологија, како патоказ за неопходните реформи.