Заев: Добредојдени се инвестициите за социјалното домување, во болничките капацитети и во обновливите извори на енергија
Премиерот Зоран Заев, придружуван од директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Дарко Николовски, денеска прими бизнис делегација од меѓународната компанија YIDA Construction.
Како што соопшти владината прес-служба, претставниците на компанијата на средбата ги изложиле своите планови за инвестирање во неколку сегменти во Република Македонија. Тие понудиле концепт за инвестирање во доменот на социјалното домување, идеи за инвестирање во болнички капацитети и медицински високообразовни институции, како и концепт за инвестирање во капацитети за обновливи извори на енергија.
Премиерот Заев ги поздравил нивните напори да ги истражат потребите на македонското општество и своите намери за инвестирање да ги стават во конкретни сегменти од кои Македонија има голема потреба и интерес за развој. Додал дека Владата ќе работи на создавање на услови за непречено инвестирање во овие области.
- Нашата земја е отворена за секоја можност за инвестирање и за развој на нашето општество. Ова е само првиот чекор и се надевам дека ќе наидеме на поголем интерес кај инвеститорите за инвестиции во оваа насока, исто како и во областа на електрониката и роботиката, истакнал премиерот Заев на средбата.
Премиерот ги охрабрил потенцијалните инвеститори да продолжат со развој на своите идеи и предлози и да останат во контакт со сите релевантни институции во земјата до остварувањето на следните конкретни чекори кон реализација на нивните предлози.
Ново на Сител
-
Во Русија лани биле протерани двојно повеќе мигранти
-
Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека
-
Кривична за екс-началникот на Одделот за воздухопловство
-
Димитриевски со Валенсија избори осминафинале во Копа дел Реј
-
Артета: Топката во Лига купот е многу различна од топката во Премиер лигата и мора да се навикнеш на неа
-
Пуштање во употреба реконструирано фудбалско игралиште во Неготино
-
Украина ја нападна нафтената база во рускиот град Енгелс, која служи за стратегиски бомбардери
-
Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра