Заев: Доаѓањето на тројцата светски државници поддршка за Македонија
Тоа што тројца светски државници неделава ќе дојдат во Македонија е уште еден позитивен сигнал, признание и поддршка за нашата земја, рече премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на вечерашната трибина во Берово.
Заев ја најави посетата на генералниот секретар на НАТО Столтенберг, на германската канцеларка Меркел, како и на австрискиот канцелар Курц.
- Во среда вечер доаѓа Столтенберг, вторпат во шест месеци, во петок австрискиот канцелар Куурц, а во сабота Меркел. Доаѓањето на тројцата светски државници е признание за Македонија, позитивен сигнал. Тие ни подаваат рака за да одиме напред, истакна премиерот.
Според него, и опозицијата е свесна дека ова е моментот за ЕУ и НАТО, моментот кога сите, како што нагласи, треба да бидеме заедно и да се обединиме за европска Македонија.
Заев се осврна и на финансиската поддршка што и ја дава ЕУ на Македонија. Потенцира дека на располагање ни се милијарди евра до 2020 година, но ќе ни бидат доделени ако референдумот е успешен и ако земјава продолжи по европскиот пат.
Градоначалникот на Берово Звонко Пекевски истакна дека се искористени пари од ЕУ и дека таа пракса може да продолжи само со членство на земјава во ЕУ што ќе биде потврдено со успешниот референдум.
Пред трибината во Берово, Заев беше на средба со граѓани во Пехчево.
Ново на Сител
-
На граничните премини нема подолги задржувања
-
Пет референдуми денеска и утре се одржуваат во Италија – Мелони и власта воздржани
-
Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-
Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис
-
Трамп го предупреди Маск: Финансирањето на демократи ќе има сериозни последици
-
Сончево и многу топло, до 38 степени
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија