Македонија
22. October 2020 - 19:46

Заев до Брисел: Патот на Македонија кон ЕУ нема алтернатива

Премиерот Заев не гледа закана за старт на преговорите со унијата ниту по вчерашниот состанок на амбасадорите на земјите членки на еу. Вели дека нема ништо ново во  документите кои излегуваат од Брисел, бидејќу во нив се сумирани  веќе познатите ставови на Бугарија. Премиерот останува оптимист дека можност за решение има и без потпишување на нов договор со Софија.

Државниот врв останува на ставот дека провокациите од Софија се само дел од предизборната кампања и нема да се поднесе протестна нота ниту по последните пораки на бугарскиот вицепремиер Каракачанов.

На 20 дена пред состанокот на европскиот совет на кој ќе се разгледува преговарачката рамка за Македонија, премиерот Заев вицепемиерот Димитров и министерот Османи одржаа онлајн состаноци со европскиот политички врв. Пред Мишел, Сасоли, Борел и Вархеји, премиерот Заев ги повторил очекувањата за старт на преговорите до крајот на годинава, бидеќи вели дека европската интеграција нема алтернатива.