Заев - Чаба: Македонија е позитивен пример за регионот во решавање на отворените прашања
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Канада во Република Македонија, со седиште во Белград, Кати Чаба, со која разговараше за актуелните политички процеси во земјата и беше потврден заемниот интерес за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, се наведува во соопштението на владината прес службата .
Премиерот Заев, потенцирајќи ја големата пријателска поддршка од Канада, ја информираше амбасадорката Чаба за активностите за спроведување на претстојниот референдум и нагласи дека очекува на 30 септември граѓаните да излезат, да го искористат своето демократско право, и да гласаат одговорно, препознавајќи го историскиот момент, кога е потребно секој да се вклучи и слободно да се изјасни.
Нејзината екселенција, амбасадорката Чаба, оцени дека Македонија по потпишувањето на договорите со Грција и Бугарија е позитивен пример за целиот регион на Југоисточна Европа во насока на решавање на отворените прашања, обезбедување стабилност што несомнено позитивно влијае на продлабочување на економската соработка меѓу земјите.
Амбасадорката Чаба ја пренесе канадската поддршка за реформската агенда на Владата на Република Македонија и истакна дека Канада ја очекува Република Македонија како 30-та земја членка на НАТО, оценувајќи дека тоа ќе биде значаен придонес кон стабилноста и безбедноста на земјата, но и на целиот регион.
Премиерот Заев ја повтори заложбата на Владата да остане фокусирана на обезбедување на конкретни и одржливи резултати во правец на реформите во областа на судството, безбедносните служби, јавната администрација, слободата на говорот и подобрување на условите на медиумите и обезбедување независност, како и продолжување на напорите за интензивирање на борбата против корупцијата, како одраз на напорите за градење на Македонија како европска и демократска, се наведува во соопштението на владината прес служба.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини