Македонија
26. November 2020 - 16:48

Заев: Бугарите не одлучиле на референдум да бидат окупатори

На фашизмот не треба да му се дава етнички предзнак. Премиерот Заев ден подоцна се дообјасни во однос на ставовите изнесени во вчерашното интервју за бугарски БГ НЕС каде Бугарите ги нарече администори во земјава во периодот на Втората Светска војна. Вели дека е неприфатливо сите Бугари да се нарекуваат фашисти и дека во европски дух е да се простува и да не се заборава.

Дали ваквите ставови изнесени во интервјуто ќе придонесат за Бугарија да го тргне ветото за Македонија и земјава да ги почне преговорите со ЕУ, премиерот без конкретен одговор.

По вчерашното интервју на Заев за бугарската агенција, социјалните мрежи вријат од коментари во кои се осудуваат ставовите на прмеиерот. Тој вели дека целосно го разбира револтот на граѓаните затоа што антифашистичката борба е дел и од неговото семејство, но повтори дека како премиер има обврска да гради мостови за зближување меѓу двата народа.