Заев: Буџетот е стабилен - состојбата не е блескава, но не е ни драматична
Буџетот е стабилен, состојбата не е блескава но не е ни драматична. Ова го изјави новиот премиер Зоран Заев кој потенцираше дека новата Влада ќе се потруди успешно да менаџира со финансиите.
Во Владата денеска беше извршено примопредавањето на функцијата вицепремиер за економски прашања. Кочо Анѓушев го наследи Владимир Пешевски.
Љупчо Николовски официјално ја презеде функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. 34 годишниот поранешен шеф на кабинетот на Претседателеот на СДСМ го замени досегашниот министер Михаил Цветков.
На примопредавањето изјави дека ќе работи чесно, транспарентно и одговорно. Вети дека во иднина ќе продолжи поддршката за сите проекти во инетерес на земјоделците кои ќе бидат поддржани со 160 милиони евра субвенции годишно.
Досегашниот министер Цветков ја понуди својата помош и соработка. Потенцираше дека новото раководство во наредните 4 години би требало да се фокусира на консолидацијата на земјоделското земјиште, системите за наводнување како и орагнизирањето на земјоделците во задруги.
И Д-р на економски науки Драган Тевдовски го презеде кабинетот од претходникот Кирил Миноски, по што изврши обиколка на секторите во Министерството и се запозна со вработените.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
