Заев бара политичка и професионална одговорност од функционерите
Премиерот Зоран Заев бара политичка и професионална одговорност од функционерите по вчерашните укажувања од Антикорупциската комисија за влијание на непотизам при одредени вработувања, а истовремено повика на итно повлекување од работните места на лицата кои биле вработени на тој начин.
Одговарајќи на новинарски прашања, Заев потенцираше дека Антикорупциската комисија покажала дека е систем и оти конечно имаме систем што функционира без оглед дали тоа им се допаѓа на политичарите или не.
– Секако секој има право на жалба, на коментар. Тоа е владеење на правото. Она што е важно е дека конечно имамем систем што функционира. Тоа може на нас политичарите да ни се допаѓа или не, Антикорупциска докажа дека е систем. Таму има конкретни коментари каде нема непотизам, а имаме и конкретни коментари каде што имало влијание за непотизам. Оттука барам повлекување и директно, како претседател на Владата, давам наредба до владините институции на лицата кои се вработени на тој начин веднаш да им се прекинат работните односи и да се повлечат назад. Барам професионална и политичка одговорност од сите нив, рече Заев.
Како што нагласи до 5-ти мај не може да разрешува министри затоа што има законска забрана.
– Поради тоа велам дека барам професионална и политичка одговорност. До 5-ти мај има забрана за разрешување и именување, изјави Заев пред почетокот на дебатата.
Ново на Сител
-
Нови учебници, интегрирање на вештачката интелигенција, воведување целодневна настава, најавува министерката Јаневска
-
Притвор за 53-годишник осомничен за продажба на кокаин во Велес
-
Вучиќ со порака од Одеса: Србија сака да обнови еден или два града или помал регион во Украина
-
Внука со нож се обидела да ги убие сопствените баба и дедо во Битола
-
Скалони за ремито со Колумбија: Беше добар тест
-
Кулибали по победата над Англија: Ова е историски момент за Сенегал
-
Нова сезона на АТЛ започнува од Охрид
-
Советот на Европа ја повика Словенија да го признае хрватскиот јазик како малцински јазик во земјата