Заев: Анти-кризните мерки даваат резултати
Имаме позитивни сигнали дека економијата заздравува, а за тоа се потврда позитивните тековни економски движења и тоа: високиот раст на извозот, растот на трговијата, зголемениот број во кредитирањето и растот на просечната плата, тоа во услови на економска криза заради пандемијата, а како директен ефект на сите донесени анти-кризни мерки за ублажување на последиците по економијата, стопанството и стандардот на граѓаните.
Ова го истакна премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во Собранието.
-Буџетските приходи се повисоки во однос на преткризниот период, 4,4 отсто е растот на вкупните приходи, 5 отсто е растот на даноците и придонесите. Вториот пакет економски мерки е имплементиран 100 отсто, а севкупна имплементација од четирите пакет мерки изнесува 82 отсто или 860 милиони евра. Мерките од петтиот и шестиот пакет се во тек, и сето тоа помогна да го подобриме економскиот резултат за 4,2 процентни поени, потенцираше Заев.
Според него, позитивните движења во економијата најлесно и најбрзо може да се детектираат преку приходната страна на буџетот, и соопшти дека во март 2021 година, Управата за јавни приходи реализира наплата на даноците во износ од 7.720.610.346,00 денари, што во споредба со истиот месец во 2020 година претставува повисока наплата кај даноците од страна на компаниите, што е добар знак дека економијата постепено закрепнува.
-Само во април 2021 година приходот од данокот на додадена вредност се бележи наплата повисока за 54% во однос на април 2020 година, нагласи премиерот Заев.
Премиерот Заев додаде дека стопанството е поддржано како никогаш досега и потенцираше дека редовно се исплаќаат платите, пензиите, социјалната заштита, и ги реализираме сите мерки за поддршка на економијата и граѓаните.
Во 2020 поддржани се над 840 компании со повеќе од 65 милиони евра, а со над 17 милиони евра поддржани се 400 инвестициски компании со директна поддршка.
-Сите изминати пакети на мерки даваат видливи резултати. Владиниот стимул придонесе за двојно амортизирање на економскиот пад лани, поточно според калкулациите на Министерството за финансии истиот е амортизиран за 4,2 проценти. И наместо падот да беше 8,7 проценти, ја завршивме 2020 година со 4,5 проценти. Во овие 4,2 проценти се директен ефект од помошта од мерките само заклучно со петтиот пакет на мерки, рече премиерот Заев.
Во однос на шестиот пакет на мерки, нагласи, самиот пакет опфаќа седум мерки каде што се таргетирани најпогодените сектори во кризата, опфатени во 12 категории економски дејности со вкупна вредност од 17,8 милиони евра што ќе поддржат некаде околу 10 илјади фирми кои вработуваат околу 60 илјади граѓани.
Ново на Сител
-
Од утре автобусите се враќаат на скопските улици – Вонредна седница на Град Скопје
-
Герасимовски: Град Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар
-
Тема на денот со Стефан Кирков, ВМРО-ДПМНЕ
-
Вонредна седница на Владата: ЈСП ќе добие нафта од државните резерви
-
Итна седница во советот на Град Скопје
-
Македонскиот јазик е на удар на соседите и со тоа е загрозен пристапниот процес во ЕУ
-
Растат платите, но и трошоците - За една година животот поскап за 13.000 денари
-
Граѓанските организации бараат државата да ги унапреди превентивните здравствени програми и да не крати средства