Заев: Ако во недела не работат трговските центри нашите граѓани ќе одат во Косово и Србија

Премиерот Зоран Заев смета дека трговските центри треба да работат и во недела, но вели дека им дава шанса на ресорните министри, работниците и коморите да утврдат кое е најдоброто решение.
-Ако во недела не работат трговските центри во Скопје нашите граѓани ќе одат во Косово и во Србија. Ако, пак, работат, тие ќе дојдат овде во недела. При тоа работењето во недела треба да се определи какво е согласно работничките права, рече премиерот Заев во одговор на новинарско прашање.
-Треба да се регулира дали ќе работат 10 часа наместо 12 или 18 часа колку што работат во недела. За тоа постојат стручни луѓе и министрите за економија и за труд и социјална политика веќе ми презентираа креативни решенија што во моментов се бараат, рече Заев.
Посочи дека веќе постојат, како што рече, убави европски решенија ем да има издишка во недела за работниците, ем да не изгубиме од економските придобивки, пред се за квалитетни плати на граѓаните и стопанството и за севкупната економија.
Ново на Сител
-

Осум возила учествувале во сообраќајка на автопатот Штип-Скопје
-

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово
-

Ладна ве носи во Дизниленд, Париз: Започна детскиот ликовен конкурс на тема „Мојот необичен сон“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нервозни зошто Артан Груби е уапсен и може да изнесе податоци за криминалите на Заев, Филипче и Спасовски
-

Кривична за поранешен директор на Здравствен дом Куманово, незаконски вработувал лица во установата
-

Следува период на стабилно и суво време
-

Уапсен беровчанец, возел со 1,96 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-

Со само 100 денари до нов автомобил!
