Заев: Ако треба да вакцинираме милион граѓани, ние имаме нарачано 2,35 милиони вакцини, значи сме направиле се
Премиерот Зоран Заев во денешната Тема на денот во Дневникот на Сител кажа дека Државата направи сѐ за набавка на вакцини.
Вели дека сега ситуацијата е многу поразлична од пред една година бидејќи тогаш многу работи не беа познати за вирусот, но сѐ уште не се знае каде е крајот на пандемијата.
-Прво, се научивме каде да дејствувавме, како да ја санираме економијата, како да го заштитиме јавното здравје.. Нема поважно од здравјето. Второ, многу луѓе поминале низ вирусот, иако имаме над 100 илјади официјални, сепак бројката на заразени е пет пати поголема. Многу млади ја поминале болеста без симптоми. Веќе има многу луѓе со антитела. Вакцинирањето на здравствените работници е исто така важно за намалување на интензитетот на вирусот. Ние за вакцините сме направиле се, дури поминавме и преку прагот, за да дојдеме до вакцини. Ако проценката е дека треба да вакцинираме милион граѓани, ние имаме нарачано 2,35 милиони вакцини, од Фајзер, Кина, Русија, преку системот Ковакс, преку ЕУ, значи сме направиле се. Гледате и во посилните држави имаат недостаток од вакцини, рече Заев.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк, разговаравме и за правосудниот испит
-

Клековски на 12. турски медицински светски конгрес: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори
-

Мерки претпазливост за приведените за милионски проневери во ФЗОМ
-

Раст на прометот со храна и горива, пад кај непрехранбените производи во септември
-

Од утре врнежи од дожд, локално пообилни
-

Четворица загинати во падот на хеликоптерот на ЕУФОР, двајца повредени во Тузла, девет во Брчко
-

Танкер во Ормуската Теснина е погоден од чамец со експлозив
-

„112 не е број за секојдневни проблеми“ - ЦУК со апел: Не ја блокирајте линијата, нечиј живот може да зависи од повикот
