Заев: Ако не се донесе сега Законот за недела неработен ден ќе се донесе подоцна
Премиерот Зоран Заев вели дека доколку Законот за недела неработен ден се донесе денеска од наредната недела или преку таа тој ќе стапи на сила.
- Не гледам лошо да се донесе Законот за недела неработен ден. Го чекаат работниците во државава. Искоординирано е компаниите и коморите зошто да го блокираме? Ако тој се донесе денеска од следната недела буквално или преку таа, стапува на сила после 8 дена од донесувањето, многу работници конечно во недела ќе бидат со своите деца и со семејствата, вели премиерот Заев.
Тој додава дека доколку законот не се донесе сега ќе се донесе подоцна.
- Тој ќе се донесе веројатно ноември, декември ако биде сега блокиран во септември, но ако се донесе час поскоро работниците ќе можат да го уживаат своето слободно време со децата. Важно е семејството многу, а притоа неделата знае да наполни батерии за понеделникот и за работа итн, вели Заев.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
