Заеднички воени маневри на Грузија, САД и Велика Британија
Армијата на Грузија денеска почна заедничка воена вежба со силите на САД и Велика Британија, на чиј почеток грузискиот претседател Ѓорѓи Маргевелашвили изјави дека тоа е „продолжување на исправната политика за придружување кон НАТО“.
Воената вежба „Благороден партнер 2016“ ќе трае до 26 мај и е најавена како досега најголема во Грузија, во која учествуваат околу 500 грузиски, 650 американски и 150 британски војници. Воената вежба се одржува на полигонот Вазијани во близина на Тбилиси.
На интернет-страницата на Пентагон објавено е дека „Благороден партнер“ ја истакнува способноста на американската армија во Европа брзо да дислоцира војници и заедно да дејствува во рамките на коалицијата во кои било идни операции.
Руското Министерство за надворешни работи во петокот оваа воена вежба ја оцени како „провокативен чекор“ на НАТО со цел да се дестабилизира Кавказот.
Ново на Сител
-
Папа Франциск: Лицемерните земји кои зборуваат за мир, а произведуваат оружје се виновни за војните
-
Титаниум – нов инстант лоз со возила на Државна лотарија
-
Почина владиката Тимотеј
-
Салах разочаран од Ливерпул
-
Опожарен деловен простор на Адвокатската комора
-
Аморим: Манчестер jунајтед уште долго ќе страда
-
Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано
-
Европскиот совет даде „зелено светло“ на буџет на ЕУ за 2025 година