Заѕвонел на број запишан во тоалет за „добро плескање“- Се родила вистинска љубов!
Никогаш не знаете каде сѐ ќе ве најде љубовта – а тоа особено важи за овој осамен камионџија кој решил да прати порака на телефонскиот број кој го нашол напишан на ѕид во тоалет. Но, тоа што започнало како нешто површно, завршило во најголемата љубов за Марк Елис и Дона Робертс.
51-годишниот човек од Бригхаус, Западен Јоркшри, Биртанија, го нашол бројот кога се послужил со тоалетот во неговиот локален паб.
Напишан од бившиот на Робертс, на ѕидот покрај бројот стоела и пораката: „Ако сакаш добро плескање, јави се на Дона.“ Елис тогаш од шега решил да прати порака на бројот, пишувајќи: „Здраво, што има?“
„Бев љубопитен да дознаам дали навистина се работи за некое човечко суштество. Сѐ уште се смееме кога ќе помислиме на тоа.“
Робертс, која е правничка, отпрвин била збунета како Елис воопшто го нашол нејзиниот број, но двојката набргу започнале разговор и по неколку дена се сретнале. Сега имаат две деца на возраст од осум и девет години, кои сѐ уште не знаат како се запознале нивните родители.
„Вообичаено им велам дека ми прати порака по грешка“, вели Робертс.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника