-->
-->
Задушница - спомен за починатите
-->
Православните христијани денеска одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите.
Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.
Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.
На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.
Денешната Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела.
Седмицата пред Прочка се вика Месопосна недела. Овој период од седум дена до Прочка се нарекува и Сирна недела поради тоа што не се јаде месо туку се јадат млечни производи. Од понеделникот по Прочка започнуваат големите, долги седум недели, Велигденски пости што траат до Воскресенито Христово - Велигден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје