Задоволството на граѓаните од канцеларот Шолц на рекордно ниско ниво

Популарноста на германскиот канцелар Олаф Шолц падна на рекордно ниско ниво, покажа вчера објавената анкета.
Во истражувањето на јавното мислење на АРД/Инфратест, само 19 отсто од испитаниците биле задоволни од социјалдемократскиот премиер.
Ова е еден процентен поен понизок од декември и најлош рејтинг за канцелар од 1997 година.
Намалување на популарноста бележи и министерот за економија и вицеканцелар Роберт Хабек од Партијата на зелените, кој е на 24 отсто, со 6 процентни поени помалку од декември.
Министерот за финансии Кристијан Линднер, член на третиот коалициски партнер на ФДП, е со 23 отсто, со четири процентни поени помалку.
Лидерот на најголемата опозициска партија – Демохристијаните (ЦДУ), Фридрих Мерц падна за два процентни поени на 30 отсто, ставајќи го зад министерот за одбрана на СПД, Борис Писториус и министерката за надворешни работи Аналена Бербок (Зелените).
Вкупно, само 17 отсто од анкетираните Германци се задоволни од владата, додека 82 отсто се незадоволни.
Во однос на партиите, Алтернатива за Германија (АфД) порасна за еден процент на 22 отсто, додека ЦДУ заедно со баварската сестринска партија ЦСУ води со 31 отсто.
СПД е на стабилни 14 отсто, Зелените загубија два поена и сега се на 13 отсто, а ФДП е за еден поен повисок со пет отсто.
Ново на Сител
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
-

Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
-

Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс – славеа Нешевски, Николов и Баснарков
-

Бобан Илиоски испиша историја – прв Македонец со договор во GLORY
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
