Задолжителен седумдневен карантин при влез во Грција
Задолжителниот седумдневен домашен карантин за сите кои во Грција ќе влезат на било кој начин и со било кое средство е продолжен уште две седмици, односно до 8 март 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина.
Согласно министерската одлука од надлежните грчки министерства и новите одлуки на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, и понатаму во сила е задолжителната потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, за сите оние кои до 8 март ќе пристигнат во Грција, а паралелно, при пристигнувањето, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот процес според податоците внесени во специјалниот формулар (Passenger Locator Form) за патување во Грција.
Одуката за домашниот карантин се однесува на патници од сите земји вклучувајќи ги и оние од Европската Унија, а доколку посетата на Грција трае помалку од седум дена, тогаш домашната изолација ќе трае за целиот период додека се во земјата, сѐ до нивното заминување.
За патниците од Велика Британија предвидени се посебни правила, односно за да излезат од седумдневниот карантин, потребно ќе биде, на седмиот ден, да направат ПЦР тест.
До 8 март, како што вчера објави МИА, продолжена е и одлуката за ограничување на копнените граници со Северна Македонија, Албанија и Турција, како и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а од рано утрово стапи во сила.
Ново на Сител
-
Рекорден број пријави на штети по вчерашното невреме
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Вработување по стручност а не по етничка основа најавува новиот министер за дигитална трансформација
-
Да се постават табли на плажите кои не се безбедни
-
Преглед на вести од светот
-
Поплави во скопско
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии