-->
-->
Зачестија пожарите на отворено во Струмичко
-->
За три дена во Струмичко се регистрирани три пожари на отворено во атарите на две соседни села-Баница и Водоча, информираат од Територијалната против пожарна единица на Струмица.
-Во петокот, саботата и неделата учествувавме во гаснење на три пожари кои зафатија сува трева, грмушки, дрвја, пластеници и лозови насади. Вкупно во пожарите изгоре површина од три хектари, односно секој ден гореше по еден хектар, дополнуваат од ТППЕ-Струмица.
Пожарникарите апелираат до граѓаните да се воздржат од палење плевел и други растителни отпадоци, како и земјоделски отпад на земјоделско земјиште поради порастот на температурите во наредниов период.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
-

Променливо облачно со локален дожд
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
