-->
-->
Забрзано се гради експресниот пат Штип-Радовиш, се очекува да биде готов пред предвидениот рок
-->
- Забрзано се гради експресниот пат Штип-Радовиш, којшто ќе биде готов и пред предвидениот рок од три години.
Увид во градежните работи денеска направија министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, директорот на Агенцијата за државни патишта Зоран Китанов и градоначалниците на Штип и Радовиш, Благој Бочварски и Герасим Конзулов.
- Денеска сме тука на изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш со инвестициска вредност од 47 милиони евра. Од надлежните, изведувачите и надзорите ни беше соопштено дека согласно планот и реализацијата дури и подобро е реализирано до овој момент од она што претходно било планирано, изјави Сугаревски.
Директорот на Агенцијата за државни патишта забележа дека комплетно е пробиена трасата Штип-Радовиш и тоа во рок од четири месеци.
- Извршени се веќе 10 проценти од работите за целиот пат. Значи трасата е комплетно завршена и веќе може да се очекува да се градат завршните делови. Во меѓувреме заврши тендерот за рехабилитација на споредниот регионален пат по којшто се движиме и кога возилата ќе се движат по оваа траса, тој ќе биде асфалтиран за да не претрпи дополнителни оштетувања, вели Китанов.
Првата фаза од мостот на реката Брегалница кај Штип до клучката кај рудникот Бучим во Радовиш се работи забрзано од страна на градежната компанија „Штрабаг“, а тендерската постапка за втората фаза на овој регионален пат од приградската населба Три Чешми во Штип до мостот на реката Брегалница и од радовишки Бучим до влезот на Радовиш веќе е завршена.
Во источниот регион планирано е да се инвестираат околу 280 милиони евра во патната инфраструктура, а според министерот Сугарески, се работи со добра динамика на сите патни правци, иако во изминатиот период имало проблеми кои се надминати.
Надминати се и проблемите на експресниот пат Штип-Кочани, кадешто поинтензивно се работи, а се градат и патиштата Радовиш-Подареш и Радовиш-Плачковица. Завршува и тендерот за свлечиштето кон Конче. Завршена е и 31 рехабилитација на патиштата, како и тендерската постапка за 12 патишта коишто ќе се градат со пари од Светска банка.
Автопатот Штип-Миладиновци веќе е комплетно асфалтиран, а како што изјави Китанов, останува да се доработи кај клучката кај Три Чешми.
- Асфалтирањето за некои десетина дена комплетно завршува. Во меѓувреме забрзано се работат еластичните огради, поставувањето на мрежите, одводните канали. Значи автопатот Миладиновци-Штип е во завршна фаза и ќе биде пуштен согласно очекувањата и препораките од надзорот, изјави Китанов, додавајќи дека задоцнувањето од околу 35 работни денови е поради дождливите денови до јуни. в
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руд ван Нистелрој: Дојде време за промена
-
Лејкерси го испратија синот на Леброн Џејмс во Џи лигата
-
Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон
-
Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета
-
Мишел и Фон дер Лајен телефонски разговарале со Трамп
-
Во судирите во Амстердам повредени 10 израелски навивачи, Нетанјаху испрати спасувачки авиони
-
ЦУК: Изминатите 24 часа - 10 пожари на отворено, еден сѐ уште активен
-
Лашоска: Мерките за намалување на ризикот од катастрофи на локално ниво се од суштинско значење за заштита на заедниците