Забрзано расте еврото
Еврото забрзано расте на сметка на доларот кој паѓа.
Курсот на еврото во однос на доларот достигнува највисоко ниво во последниве три недели на меѓународниот пазари.
Ова е поради случувањата во Сирија.
Индексот на доларот, кој спаѓа во групата на највредни валути во светот, во вакви околности се сведе за 0,2%.
Еврото порасна за 0,3% во однос на претходното затворање со 1,2412 долари, и достигна највисоко ниво досега од 28-ми март. Доларот во однос на јенот е послаб за 106,96 јени. Во период, кога е во исчекување средбата на американскиот претседател, Доналд Трамп со јапонскиот премиер Шинзо Абе доларот се движи под највисокото ниво од 107,78 јени кои ги достигна минатиот петок.
Од периодот кога беше британскиот референдум за излез на Британија од ЕУ, поради оптимизмот во врска со очекуваното зголемување на каматната стапка, за прв пат меѓу „победниците“ се најде и британската фунта. Таа забележа највисоко ниво во однос на доларот. Инвеститорите исто така, го поддржаа се почестото спомнување на нестабилниот „Brexit“.
Покрај фунтата, доларот е послаб и во однос на неколку азиски валути, вклучуваќи го и корејскиот вон, имено, овие валути се купувани поради стравот на инвеститорите од можен трговски конфликт помеѓу САД и Кина.
Ново на Сител
-

Претрес на поранешниот ранч на Џефри Епстин во Ново Мексико
-

Македонија со 17 кикбоксери на Светскиот куп во Италија – над 2400 борци од 46 држави
-

Перез донесе одлука за нов тренер на „кралскиот клуб“
-

Младиот тенисер Алексовски со победничкиот пехар во Солун
-

Алушовски: Барселона во фокусот, а Вардар во мислите
-

Уапсен гевгеличанец, возел со 2,35 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода
-

Мурињо за исклучување со Порто: Не сакав да ја шутнам топката кон нивната клупа, но мојата техника не е совршена
-

Чави го обвини Лапорта за неуспешниот трансфер на Меси во Барселона во 2022 година
