Македонија
5. јуни 2020 - 19:33

Забрането сместување за гостите во Охрид

Главниот туристички центар полн со гости од сите градови ширум земјава за продолжениот викен.Короната не ги исплаши туристите, тие убавото време го искористија за прошетки покрај кејот ,чаршијата и плажите долж езерото. Бројните станови на граѓани кои не се од Охрид викендов се целосно исполнети.

Туристичките работници велат дека Охрид треба да заживее туристички но потребно е поголемо почитување на мерките за заштита од заразата.

Со оглед на тоа дека на социјалните мрежи се нудат станови , апартмани и соби од пазарниот инспекторат мобилизирани на терен вршат засилени контроли на сместувачките капацитети.

Инаку покрај пазарниот инспекторат на терен се и полициските службеници кои распределени на повеќе фреквентни локации низ градот ги спроведуваат мерките и насоките за спречување на ширењето на корона вирусот.