Забранет влез во Русија за поранешен американски амбасадор Мајкл Мекфол
Поранешниот американски амбасадор во Русија, Мајкл Мекфол изјави дека руските власти не му дозволиле влез во Русија, затоа што бил на листата од санкции на Кремљ.
Тоа е прв ваков случај во руско-американските дипломатски односи по цели 64 години.
Според неговото објаснување, забраната му била изречена поради „блиската соработка“ со актуелниот претседател на САД, Барак Обама.
„Ваквото објаснување претставува голем комплимент за мене“, напиша на Твитер поранешниот амбасадор.
Во соопштението по тој повод Мекфол вели дека се подготвувал за пат во Русија за да помогне транзицијата на Хилари Клинтон да биде функционална и успешна, но тоа било планирано во време пред републиканскиот кандидат Доналд Трамп да победи на изборите.
Мајкл Мекфол беше амбасадор на САД во Русија од 2012 до 2014 година. Сега работи како професор на универзитетот Стенфорд.
Официјална Москва потврди дека не му бил дозволен влез во Русија на поранешниот амбасадор.
На својот налог на Твитер, Мекфол забележа дека забраната „веројатно потекнува уште од 2014 година“, по анексијата на Крим од страна на Русија.
Руските власти воведоа санкции за американски и воопшто за западни функционери како контра мерка на санкциите што САД и ЕУ ги воведоа за повеќемина високи руски функционери, при што на некои од нив им беа и „замрзнати“ имотот и средствата што ги имаат во САД.
Последниот американски амбасадор на кој му било забранет влез во Русија бил Џорџ Кенан, во 1952 година, во времето на Советскиот Сојуз.
Ново на Сител
-
Утре седница на Советот за национална безбедност на Србија
-
Фицо ја суспендира воената помош за Украина
-
Пожар избил во возило во движење на патот Валандово - Дојран
-
Грчката полиција на аеродромот во Атина уапси маж кој проголтал 100 пакувања со кокаин
-
Обезбедена компресивна облека за 176 повредени од пожарот во Кочани
-
Почина 21-годишниот Виктор Боневски по тешката битка со болеста
-
Петмина повредени од кои три деца во сообраќајка меѓу автобус и две возила на патот Кичево - Гостивар
-
Кучето кое беше влечено со возило од лице од Крива Паланка згрижено во ЈП „Лајка“