Забраната за сообраќај на сите категории возила укината на некои патни правци и превои
АМСМ информира дека воведената забрана за сообраќај на сите категории возила или забрана за сообраќај на ТТВ се укинува на патните правци/превои:
Од 13:30 часот укината е забраната за движење на товарни возила на планинскиот превој „Барбарас“.
Од 13:30 часот се укинува забраната за тешки товарни возила на патниот правец Струга-ГП Ќафасан.
Од 13:00 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.
Од 10:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец правец Ресен – Охрид преку планинскиот премин Буково.
Од 18:08 часот укината е забраната на Стража, сообраќајот е нормализиран.
Забраната за сообраќај на сите моторни возила се уште важи на патниот правец Р2248 помеѓу с.Ранковце и с.Герман поради обилни врнежи на снег.
Се уште е на сила воведената забрана за сообраќај на тешките товарни возила на планинскиот премин Плетвар, на патниот правец Тетово – П.Шапка, на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, на патниот правец М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос, на патниот правец Крива Паланка - ГП Деве Баир, на патниот правец крак Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.
Ново на Сител
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
-

Во Македонија горивата до 30 отсто поевтини отколку кај соседите
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
