Македонија
17. January 2017 - 19:04

Забрана за товарни возила на Плетвар, сообраќајот по влажни коловози

На патниот правец Кавадарци - Прилеп преку планинскиот превој Плетвар од 18:30 часот е воведена забрана за движење за тешки товарни возила, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“.

На останатите патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, а остатоци од кашест снег има на коловозите. 

Врнежи од слаб снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Ресен, Македонски Брод, Ѓавато, Плетвар, Штип, Павлешенци, Неготино, Демир Капија, Удово и Кула, а слаб дожд врне во Сарамзалино, Кочани, Велес и Гевгелија.

Од ЈП „Македонија пат“ истакнуваат дека нивни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Апелираат возачите внимателно да возат и да ја прилагодат брзината кон условите на патот.