Забрана за мобилни во училиштата во Кина
Министерството за образование на Кина донесе одлука да им забрани на учениците да користат мобилни телефони во училиштата. Образложението е дека ова ќе го заштити видот на децата, ќе спречи зависност од интернет и видеоигри, но исто така, ќе им овозможи на децата подобра концентрација при учењето.
Забраната се однесува на носење телефони во кампусот и училишните игралишта, освен за оние ученици кои ќе добијат родителска согласност и писмено одобрение од училиштето. Сепак, децата мораат некако да комуницираат со своите родители, па така во училиштата ќе бидат поставени и телефонски говорници.
Мислењата за оваа одлука се поделени – некои веруваат дека со тоа не се решава проблемот со зависноста на децата од интернетот и технологијата, додека други сметаат дека оваа регулатива ќе им помогне на децата да се ослободат од прекумерната употреба на мобилни телефони.
Пред неколку години, во Кина беше донесен и закон според којшто на учениците им е дозволено да играат видеоигри само по 90 минути во работните денови, и три часа за викенд.
Ново на Сител
-
Работник од Делчево почина по пад во фабрика
-
Бoрис Џoнсoн: Кирк бeшe убиeн зaтоa штo го зборуваше она што некогаш беше здрав разум
-
Роналдо ја доби наградата „Најдобар играч на сите времиња“
-
Дождот нема да го запре чадењето од Дрисла, пожарот ќе се затрупува со земја
-
САД ја одбележуваат 24-годишнината од нападите на 11 септември со церемонии и оддавање почит
-
Калас за упадот на руски дронови во Полска: Чин што ги загрозува безбедноста на ЕУ, стабилноста и меѓународниот мир
-
Без вода дел од Аеродром
-
Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето