Забрана за камиони на Стража, Ѓавато и Маврово, магла на Плетвар

На патниот правец Гостивар – Кичево преку планискиот премин Стража од 12:45 часот денеска повторно е воведена забрана за тешки товарни возила во двата правци, соопшти диспечерско-информативниот центар на ЈП „Македонија пат“.
Остануваат во сила забраните за камиони на планинскиот превој Ѓавато и на патниот правец Маврово - Дебар, а магла со видливост од 100 метри има на Плетвар.
На патиштата низ државата, освен во источните делови врне снег со слаб интензитет. Сообраќајот се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.
Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Надвор од градските средини интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Ново на Сител
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Клучни преговори САД–Иран во Исламабад
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
