Заборавете на пикникот за Први Мај - временска за цел месец

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 19 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 24 степени.
До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен јужен ветер, повеќе изразен вдолж Повардарието. Утринските температури ќе бидат во постепен, а дневните во позначителен пораст.
Од ноќта кон сабота облачноста ќе се зголеми и за време на продолжениот викенд ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од недела ќе почне да дува северен ветер кој ќе донесе спуштање на температурите. Во понеделник попладне се очекува нестабилно време со појава на грмежи.
Еве какво време не чека за Први Мај.



Ново на Сител
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
-

Од утре пониски температури, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Пет тинејџери загинаа во сообраќајка во Ирска додека се снимале како возат во спротивна насока на автопат
