Заборавете на грешките во минатото, тие не припаѓаат во вашата иднина
Сите правиме грешки, а дел од нас премногу се оптоваруваат со тоа. Но, грешките постојат, се случиле и не треба да дозволуваме тие да влијаат на тоа како се чувствуваме. Не постојат совршени луѓе, запаметете го тоа.
Ова се 5 работи кои можете да ги направите.
1) Потсетете се себеси дека грешките се случило порано, а не денес. Не можете да го вратите времето и да го смените тоа што сте го направиле, можете да влијаете само на тоа што ќе го направите во иднина.
2) Дозолете си да ги искусите емоциите кои доаѓаат со вината, срамот или пак тагата поврзана за грешката која се случила. Потрудете се да го надминете тоа и да продолжите понатаму.
3) Запрашајте се себеси што можете да направите во дадената ситуација. Дали можете да научите нешто? Како би реагирале кога следен пат би се нашле во слична ситуација?
4) Потсетете се себеси дека тоа што сте го направиле нема врска со тоа што сте. Грешката е грешка. Не и дозволувајте да ве дефинира или обесхрабри.
5) Почнете од почеток. Простете си себеси за тоа што се случило и продолжете понатаму. Денес е нов ден.
Ново на Сител
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025
-
Мигранти повторно нападнаа полски војници на границата со Белорусија
-
Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“
-
До петок сончево и топло
-
Кривична против полицаец од скопски Аеродром - не извршил пасошка контрола на лице со мерка „апси“
-
Три лица се повредени во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Гостивар
-
Откупот на пченицата за стоковните резерви ја зголеми цената за еден денар
-
Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава