Забележителни резултати на македонските натпреварувачки на јунските меѓународни коњички турнири
На меѓународен турнир во Виена, Австрија одржан минатиот викенд, македонскиот репрезентативец и член на коњичкиот клуб Бравадос, Петар Милошевски, освои 5. место со грлото Надја без казнени поени во конкуренција на 30 натпреварувачи.
Претходно, на Меѓународен турнир во Нови Сад, Србија, одржан на 12 и 13 јуни, Милошевски, исто така со грлото Надја освои 3. место.
Љупка Аврамовиќ со грлото Колпо Гроссо Амазонка, репрезентативка од КК Бравадос, на турнирот во Виена беше трета категорија Амазоки, додека во Нови Сад освои две први места – категорија Аматери.
Тука треба да се додадат и 1.место на јуниорката Ева Димитриевска репрезентативка со грлото Ерос од КК Бравадос и првото место во двата дена на сениорот Зоран Јовановиќ во конкуренција на млади коњи до 4 години
Меланија Атанасовска јуниорска репрезентативка од КК Процес во првиот натпреварувачки ден во Нови Сад со грлото Калатус го освои 2. место без казнени поени, додека во категорија Амазонки, со грлото Влеут го освои 1. место. Вториот натпреварувачки ден во натпреварот во категорија јуниори, Атанасовска со грлото Влеут го освои 1. место без казнени поени, а во категорија сениори, беше петта.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев