Забележан пад на каматите, на кредитите и на депозитите
– Просечната каматна стапка на кредитите, во јануари годинава, забележа минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 4,62 отсто, додека на годишна основа, просечната каматна стапка на кредитите е намалена за 0,31 п.п., покажуваат последните објавени податоци на Народната банка.
Според податоците просечната каматна стапка на депозитите изнесува 0,93 отсто, што претставува месечно и годишно намалување од 0,02 п.п. одосно 0,27 п.п.
Во јануари, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,98 отсто и оствари месечен раст од 0,20 п.п., додека на годишна основа е пониска за 0,48 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити е намалена за 0,06 п.п. на месечно ниво и изнесува 0,62 отсто. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новопримените депозити забележа пад од 0,33 п.п., покажуваат податоците.
Просечната каматна стапка на кредитите одобрени на корпоративниот сектор, овој месец, е пониска за 0,02 п.п. на месечно ниво и изнесува 3,71 отсто. Надолната промена,наведуваат од Народната банка, е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,04 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), во услови на раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 п.п.). Каматната стапка на кредитите на корпоративниот сектор е намалена за 0,42 п.п. на годишна основа.
Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,60 отсто и забележа месечно зголемување од 0,18 п.п, која промена се должи на зголемувањето кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,56 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,05 п.п, соодветно). Податоците покажуваат дека во споредба со истиот период минатата година, оваа каматна стапка е пониска за 0,59 п.п.
Каматната стапка на депозитите на корпоративниот сектор е непроменета во однос на претходниот месец и изнесува 1,22 отст, а на годишно е намалена за 0,26 п.п.
Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор изнесува 0,40% и забележа раст од 0,02 п.п., на месечна основа, додека на годишна основа е намалена за 0,31 п.п.
Каматната стапка на кредитите на домаќинствата е остварен бележи месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 5,45 отсто, додека на годишна основа, просечната каматна стапка на кредити на домаќинствата бележи
пад од 0,24 п.п.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,56 отсто и се зголеми за 0,18 п.п., на месечно ниво. а на годишна основа, бележи намалување од 0,35 п.п.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 0,89 отсто и бележи месечен пад од 0,03 п.п, а на годишнаоснова е пониска за 0,28 п.п.
Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата во јануари, бележи
месечно намалување од 0,19 п.п. и изнесува 0,66 отсто. На годишно ниво, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,41 п.п.
Ново на Сител
-

Полни трибини на „Петар Милошевски“ за реваншот на Силекс против Динамо Минск, карти веќе нема
-

Во тек најобемниот мониторинг на водите во сливот на Вардар, ќе се анализираат 170 локации
-

Азир Алиу му ја предаде функцијата на новиот министер за здравство Сашо Клековски
-

ЛШ: Вардар денеска пред тешка задача на реваншот во Финска
-

Од денеска само полнолетни смеат да возат електрични тротинети, забрането превезување и второ лице
-

Кривична против три физички и едно правно лице за затајување данок, го оштетиле Буџетот на РМ за 4.677.362 денари
-

36 годишен Црногорец „летал“ со 205 км/ч на автопатот кај Гевгелија, полицијата го уапси
-

АЕТМ: Е-трговијата во Македонија со двоцифрен раст
