Живот
6. July 2016 - 15:07

Забележале виолетова пеперутка на креветот во кој спиело бебето - Причината е срцепарателна!

Секој кој во креветчето на детето во породилиштето во Кингстон забележал виолетова пеперутка помисли лдека тоа е симпатична идеја. Сепак, зад овој гест стои нешто сосема друго! Доаѓањето на детето е многу емотивна работа, која од корен го менува животот на родителите. Но, за жал, не секогаш се менува на подобро!
 
Оваа ознака означува дека новороденчето на свет дошло со бртче или сестричка, кое за жал починало. 
 
Идејата за виолетовата налепница ја довила Мили Смит која накратко била мајка на близнаци. По само три часа семејството се збогувало со едно од бебињата.
 
Мили и Левис се збогувале со нивниот мал ангел... Мајката потоа неколку дена минала со другото бебе во болницата и дошла до идеја како тоа да им се соопшти на другите родители. Таа предложила мала виолетова пеперутка до едно од бебињата, со што медицинскиот персонал ќе си го олесни соопштувањето на тажната вест.
 
Породилиштето во Кингстон веднаш го прифатило предлогот, а Мили веднаш започнала кампања за собирање средства за печатење на етикетите, бидејќи знаела дека не е единствена со таква тажна судбина.