За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред
За време на продолжениот викенд поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од Јавно сообраќајно претпријатие.
Оттаму соопштуваат дека билетарниците и центрите за персонализација во сабота ќе работат со вообичаеното работно време, додека в недела дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Зелен пазар.
Вo понеделник дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Зелен пазар, Автокоманда (Дирекција на ЈСП Скопје) и Ѓорче Петров.
Жичницата в недела ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а во понеделник на Рамазан Бајрам, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.
Жичницата од вторник ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.
Согласно со Одлуката за возен ред во месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам