За викенд ревакцинација на македонците на белградски саем и Ниш со Астра Зенека
На Белградскиот саем и Чаир во Ниш викендов ќе се ревакцинираат околу 15 000 македонски граѓани, кои на 27 и 28 март ја примија првата доза на вакцината Астра Зенека, а продолжува и слободната вакцинација на македонските граѓани на останатите вакцинални пунктови во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Директорот на пунктот за вакцинација на Белградскиот саем, Зоран Бекиќ, изјави дека 13 000 граѓани од регионот и Европа биле поканети во сабота и недела да се ревакцинираат на Белградскиот саем, бидејќи, како што кажа, поминаа 12 недели од првата доза.
-Ние сме добро подготвени за овој викенд. Во сабота очекуваме 8 000 граѓани од регионот и Европа, а во недела 5 000 и сите ќе бидат ревакцинирани на Белградскиот саем, изјави Бекиќ за телевизијата К1.
Тој додаде дека за викендот ќе бидат отворени салите 3 и салата 11, а работното време на вакциналните пунктови ќе биде продолжено до 17 часот.
Бекиќ потсети дека без закажување на Саемот можат да се вакцинираат граѓаните на Србија, БиХ и Македонија, како и дека вакцинирањето без регистрација се спроведува на сите 225 пунктови во Србија.
Во понеделник од здравствениот центар во Ниш наведоа дека од 18 до 21 јуни се очекува голема гужва, кога е терминот за повторна вакцинација на 5 700 македонски граѓани кои во март во Србија ја примија Астра Зенека, кога вакцинирањето беше организирано преку Регионалната стопанска комора.
Точниот број на вакцинитраните македонски граѓани во Србија, според тогашната изјава на министерот за здравство Златибор Лончар изнесува околу 15 000 лица.
Последниве денови се намалува вкупниот број на имунизирани лица на дневно ниво, како и бројот на граѓаните од Македонија кои доаѓаат во Врање за вакцинација.
-Во четвртокот на главниот пункт за вакцинација во Спортската сала во Врање дадени се вкупно 627 дози вакцини, соопштија од Здравствениот дом во Врање.
Кога станува збор за македонските граѓани, кои по отворањето на вакцинацијата без закажани термини, броеја 700 на ден, нивниот број во четвртокот падна на 289 за еден ден.
Во Врање до четврток, 17 јуни вкупно се дадени 58 691 доза вакцини против коронавирус соопштија од Градскиот штаб за вонредни состојби, од кои вакцинирани се 7 088 граѓани на Македонија и 5 државјани на Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-
Австриска министерка за надворешни работи: Путин губи време, Русија ќе биде преплавена со ковчези
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
-
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни