За утре најавена лидерска средба

Четворицата лидери на политичките партии потписнички на Пржинскиот договор утре треба да седнат на маса и да направат пресек дали има услови за одржување избори и што од договорот од 20 јули е досега спроведено. Лидерската е закажана за во 13 часот.
Дотогаш треба да се докомплетира ад хок телото за мониторинг на медиумите. Нов обид денеска направија четворица избрани членови, но повторно без успех. Од трката денеска се откажа Даут Даути, кој заедно со Сефер Тахири влезе во најтесниот круг на кандидати, но четворицата членови и натаму се оптимисти дека пред утрешната лидерска средба ќе се комплетира ова тело.
Утре СДСМ треба да го предложи и новиот привремен уредник на МРТВ. Се споменува името на Санта Аргирова, долгогодишен новинар, а работеше и во кабинетот на Илинка Митрева во Министерството за надворешни работи во времето на владеење на СДСМ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
