За три дена, трета инвестиција. „Акомпласт“ постави камен темелник во Прилеп
Германската компанија Акомпласт почна да ја гради фабриката во економска зона кај Прилеп. Ќе произведува пластични делови за автомобили со највисока технологија за брендови како БМВ, Дајмлер, Ауди, Фолскваген, Бентли.
Се работи за реализација на уште една од инвестициите кои беа најавени минатата година.
Акомпласт е една од многуте инвестиции кои се должат на реформите во деловната клима и промоцијата на Македонија како бизнис дестинација, порача премиерот кој очекува инвестицискиот циклус да продложи со истотот темпо.
Инвестицијата во фабриката, во Македонија регистрирана како Инџекшн Холдинг Прилеп е вредна 3 милиони евра и ќе креира 150 директни вработувања од техничките струки.
Маријан Ристески, градоначалник на Прилеп
Технологијата која во Македонија ќе ја импленетира Акомпласт за прпват ќе се применува во поширокиот регион. По Гентерм, ова е втората странска инвестица во ТИРЗ Прилеп.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
