За шест месеци на ГП „Блато“ кај Дебар минале над 778 илјади патници, што е историски рекордна фреквенција

Во првите шест месеци од годинава, историски рекордна фреквенција е регистрирана на граничниот премин „Блато“ на македонско - албанската граница кај Дебар.
- На овој премин, во периодот јануари - јуни вкупниот проток на патници изнесува 778.702 наспроти 574.737 во истиот период минатата година. Доколку се направи споредба со 2024 бројот е речиси двапати поголем, кога минале 370.827 патници, изјави за МИА, Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Гледано одделно влез/излез оствариле вкупно 189.896 македонски државјани, за разлика од минатата година кога биле регистрирани 142.660, односно 70.518, претходната година. Вкупноот број на странски државјани е 588.806 наспроти 432.077 минатата, односно 281.780 патници претходната година.
Граничниот премин „Блато“, кој е на оддалеченост од четири километри од градот, е отворен 1993 година, но поради лошата патна инфраструктура на албанска страна протокот беше мал.
Континуирано зголемувањето на протокот на патници и возила почна со пуштањето во употреба на автопатот „Патот на Арбр“(Руга е Арбрит), во ноември 2021 година, со што оддалеченоста од преминот до Тирана до средината на март минатата година изнесуваше 80 километри, што беше намалување на оддалеченоста за стотина километри.
Од средината на март, кога беше пуштен за сообраќај тунелот Муриз оддалеченоста е уште помала, па од Дебар до Тирана сега се стигнува за еден час.
Македонските граѓани во Албанија патуваат најчесто за одмор, посета на роднини, но и за бизнис. Албанските граѓани, оние од пограничните места, кај нас доаѓаат, главно заради шопинг, посета на роднини, туризам и сезонска работа.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот албански колега, Бесфорт Љамалари, во пограничниот албански град Пешкипеја, во близина на Дебар, на 27 минатиот месец потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија.
- Договорот претставува значаен чекор кон поефикасно, побезбедно и помодерно управување со нашата заедничка граница, со директни придобивки за граѓаните, стопанството и институциите на двете земји, оценија министрите Тошковски и Ламалари по потпишувањето, на кое присуствуваа и директорт на БЈБ, Александар Јанев и генералниот директор на албанската полиција, Скендер Хита.
Според Тошковски, со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово.
МИА
Ново на Сител
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
