За седум месеци во Грција уапсени 386 криумчари на мигранти
Во првите седум месеци од годинава на грчко- турската копнена и морска граница биле уапсени вкупно 386 криумчари на нелегални мигранти и вкупно 7.484 странски државјани за нелегален влез во Грција, соопштија денеска од грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина.
Од вкупниот број уапсени, 312 криумчари се во регионот на Еврос, а повеќе од половина односно 219 криумчари биле уапсени во последните три месеци (од мај до јули).
Од мај до јули годинава имало за 113,1 отсто повеќе случаи на нелегален влез на мигранти во Грција во споредба со истиот период лани, односно 4.126 наспроти 1.936 мигранти.
-Вкупно, во првите седум месеци од 2022 година, за нелегален влез во земјата беа уапсени 7.484 странски државјани, од кои 3.554 во регионот на Еврос, соопштија од грчката полиција.
Неофицијално, во текот на ноќта, во јужниот дел на грчкиот остров Китира, со чамец пристигнала група од околу 100 мигранти.
Ново на Сител
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра