За седум години од Бугарија емигрирале над 400 илјади луѓе
Министерството за надворешни работи на Бугарија на 31 јануари 2019 година испратило одговор до редакцијата на интернет страницата www/eurochicago/com со број на луѓе, кои ја напуштиле државата, потпишано од Елена Шекерлетова, секретар во министерството.
Според одговорот, најмногу Бугари има во Германија – 416 илјади, но во останатите бројот не е прецизно наведен.
Така на пример во Франција бројката е 60-80 илјади, Австралија 10-15 илјади, Нов Зеланд 3-5 илјади. За САД – 300 илјади, за Грција, исто така, 300 илјади, за Канада 70 илјади, за Шпанија, 250 илјади, за Велика Британија 200 илјади, за Италија 120 илјади.
Ако се споредат бројките со оние од пред седум години (според МНР) ќе се види дека во 2011 година бројот на бугарски граѓани во Германија бил 74.869, а сега таа бројка е над 400 илјади и тоа е многу повеќе отколку во САД, Грција и Шпанија.
Во 2011 година во Велика Британија имало 100 илјади бугарски граѓани, во Франција 30 илјади, во Турција 500 илјади. Бројот на бугарски граѓани кои се отселиле во изминатите седум години во Британија е за 100 илјади, за Франција 30-50 илјади, за Турција намален за 150.000.
Податоците за САД, Грција и за Шпанија се истите како и сега. Вкупниот број на Бугари во светот, според податоците од 2011 година, бил 2.018.792 и ако сега се споредат, постои зголемување за 400 илјади за седум години – на над 2 милиона и 417 илјади бугарски граѓани надвор од Бугарија, наведува чикашката интернет страница.
Ново на Сител
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава
-
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
-
Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор
-
Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казахстан загинаа 38 лица
-
Не застанал на полициско предупредување па удрил во полицаец - Уапсен 48 годишен скопјанец
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата