За Прванов ништо реално не се случило по Договорот за добрососедство
Поранешниот претседател на Бугарија Георги Прванов, кој е и историчар и основач на партијата Алтернатива за бугарска преродба (АБВ), во интервју за „24 часа“ изјави дека смета оти концептот „заедничка историја“ од Договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија три години нема мрднато од мртва точка.
– Во мојата книга има големо поглавје за македонското прашање и мојот заклучок е дека во 2019 година, кога уште еднаш се сретнаа Борисов и Заев, е дека беше задушено Илинденско-преображенското востание по втор пат, и побрутално. Во фигуративна смисла, се разбира.
Според него, ништо реално не се случило по договорот и оти требало да има работа и резултати во две насоки.
-Прво, дефиниција за поимот „заедничка историја“. За мене, тоа значи запишување кратко и јасно дека населението на денешна Македонија, на Вардарска Македонија со векови до првите децении на дваесеттиот век постоел бугарски национален идентитет. А револуционерната организација во овој период имала бугарски национални цели и задачи. За периодот потоа не се расправаме, го признаваме правото на различност на нашите браќа од Скопје, рече Прванов.
Прванов тврди дека треба да се преговара за прашањето со Скопје со посилна позиција. -Но, со три реченици, не со таа „Рамковна позиција“, што беше усвоена од Владата и Парламентот, во која се напишани десетици страници тврдења што никој од нашите партнери нема да ги прочита, а камоли да ги разбере и да даде поддршка, истакнува Прванов.
Ново на Сител
-
Малолетници во автобус вознемирувале девојче и го допирале по телото, едниот од нив се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица
-
Апелација: Васил Јованов осуден со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело
-
Се заглавил во машина за правење бетон, 35-годишен работник од Бангладеш загина во кратовско
-
Семејството на Васил: Васил го украл автомобилот
-
Наставник со тврд предмет тепал ученик во средно училиште во Кочани
-
Попов: Точно е дека на 18-години направив грешка која, за жал, имаше последици