За прв пат по 20 години се изедначија доларот и еврото
Од вторник наутро едно евро е точно еден долар, што значи дека вредноста на еврото е пониска за повеќе од 12 отсто во однос на вредноста од почетокот на годината.
Тоа значи дека еврото е најслабо во однос на доларот од зимата 2002 година, пред дваесет години.
Иако вестите се позитивни за Американците кои работат и патуваат во Европа, тоа е загрижувачки знак за здравјето на глобалната економија.
Еврото е значително ослабено од европската енергетска криза поради војната во Украина. Русија обезбедуваше речиси 40 отсто од европскиот гас пред војната со Украина, а блокот сега се обидува да ја намали зависноста од руските енергетски извори.
Паритет меѓу еврото и доларот доаѓа во време кога Русија го затвори клучниот гасовод – Северен тек 1 – кој носи гас до Германија. Гасоводот е затворен поради годишно одржување.
Во меѓувреме, доларот зајакна бидејќи инвеститорите бегаат кон валутата како безбедно засолниште, додека Федералните резерви се обидуваат да ги зголемат каматните стапки со најбрзо темпо од 1994 година за да ја зауздаат жешката инфлација.
И додека во САД се создаваат стравови од рецесија, експертите веруваат дека шансите за економски пад во Европа се многу поголеми.
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР