За програмата „Млад земјоделец“ пријавени 1.045 земјоделски производители

За учество во програмата „Млад земјоделец“ во определениот термин за аплицирање од 19 минатиот месец до 19 месецов се пријавени 1.045 земјоделци.
Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделското производство-АПРЗ со седиште во Битола информираат дека нивните стручни лица им помогнале на над 870 млади земјоделци во изработката на апликацијата и подготвка на деловен план.
– Јавниот повик беше наменет за доставување на барања за користење на средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, мерка 112, каде сите млади земјоделци на возраст до 40 години и запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства согласно Законот за рурален развој, можеа да аплицираат за добивање средства за „Млад земјоделец“ од Програмата за рурален развој. Максималната прифатлива инвестициja изнесува 600.000 денари, а средствата може да се користат за почнување на земјоделска дејност, односно за инвестиции во опрема за преработка на земјоделските производи и производи од животинско потекло, како и за отворање на сопствен агро бизнис, посочуваат од АПРЗ.
Во предвидениот период аплицирале 1.045 земјоделски производители, а преку АПРЗ се пријавиле 876 млади земјоделци, на кои советниците од Агенцијата им ги комплетирале барањата и им изработиле деловен план, како еден од основните документи за поднесување на барањето за користење на финансиската поддршка од оваа национална програма.
– Интересот на земјоделските производители беше најголем во пелагонискиот регион и реонот на Преспа, каде советниците од регионалниот центар Битола при АПРЗ изработија над 540 комплетни апликации, особено во Битола, Ресен и Прилеп, каде аплицираа повеќе од 150 млади земјоделци во секој град, информираат од АПРЗ, и додаваат дека споредено со минатата година, оваа година интересот е зголемен за околу 350 апликанти.
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
