За проекти за прекугранична соработка достапни 2,9 милиони евра од ИПА програмите
На општините од Македонија и Албанија кои граничат меѓусебе им се достапни речиси три милиони евра преку ИПА фондовите на Европската Унија, беше кажано на првата презентација која се одржа во Гостивар. Со новиот повик, на 27 општини од полошкиот и пелагонскиот регион и 17 од Албанија им се овозможува меѓусебно да соработуваат и да конкурираат со проекти за унапредување на условите за живот и развој на овие подрачја.
На презентацијата, министерот за локална самоуправа Сујхел Фазлиу нагласи дека рокот за аплицирање е до 1 февруари идната година и дека тоа можност за подобрување на условите во овие региони.
– Овој пограничен регион е еден од најсиромашните во Европа и неопходен му е негов развој. Затоа сметам дека поддршката преку ИПА инструментот треба да се искористи на најдобар можен начин. Со оваа програма предвидено е да се конкурира со проекти кои се минимална вредност од 300 илјади евра и до максимум 600 илјади. Рокот за нивната реализација, зависно од обемноста ќе биде од 18 до 36 месеци. Средствата треба да се инвестираат во развој на туризмот, културата, зачувување на природните богатства, природните ресурси и климатските промени, рече министерот Фазлиу.
Раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европска Унија, Никола Бертолини ги појасни критериумите според кој ќе се добива финансиската поддршка од ЕУ.
– Апликантите треба да имаат во предвид дека со овие проекти треба да ги подобрат условите за живот на граѓаните во нивните средини. Најмалку шеесет проценти од средствата треба да бидат вложени во инфраструкра, а останатите да бидат други трошоци. Доколку не бидат исполнети критериумите, проектите нема да бидат прифатени, рече Бертолини.
Од општина Гостивар најавија дека имаат во план да конкурираат со проекти и наскоро ќе ги дефинираат областите.
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари

