За проблемот со брашното ќе разговараат македонскиот и српскиот министер за земјоделство

Во текот на денот се очекува македонскиот и српскиот министер за земјоделство да разговараат за проблемот со брашното откако Србија најави контрамерки по воведувањето на мерките од македонска страна за увозот на српско брашно.
Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
- Градиме пријателство и позитивен однос со сите соседи и верувам дека кога во минатото сме изнаоѓале решенија за многу потешки прашања, ќе најдеме решение и за ова прашање. Уште денеска веројатно ќе има разговори меѓу соодветните министри за да се изнајдат решенија, рече Заев.
Тој не очекува и зголемување на цената на лебот поради проблемите со кои се соочуваат мелничарите.
- Не очекуваме зголемување на цената затоа што продуктивноста ќе биде соодветна и ќе има доволно понуда. Државата мора да интервенира. Јас на решението гледам преку модерните мерки што ги употребуваат земјите како што се складишните белешки кои се како вредносни хартии. Се работи за можност кога преку давање на складишна белешка, производителите на жито ќе можат да ги претворат во пари заради сеидбена сезона, а продажбата на житото да се случи кога цената на житото е повисока. Таквите механизми се решенија за оваа проблематика за да може да имаме доволно задоволни и доволно мотивирани производители на жито, а тоа да нема влијание врз севкупната цена на лебот, појасни Заев.
Ново на Сител
-

РСБСП со апел до возачите за внимателно и безбедно возење за пpодолжениот викенд
-

Цените на нафтата пораснаа поради новите напади на Хутите врз Саудиска Арабија
-

Најмалку три лица загинаа во поплавите во јужна Франција, илјадници домаќинства без струја
-

Почнува амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот
-

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија
-

Киев повторно цел на ракетен напад, Трамп тврди дека мирот е близу
-

Променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне и во текот на ноќта
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
