За пребрзо возење вчера во Скопје казнети 65 возачи

На подрачјето на Скопје вчера се случиле осум сообраќајни несреќи, од кои во четири со полесни повреди се стекнале пет лица. Во останатите четири сообраќајки е утврдена само материјална штетата.
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден казнила 65 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената. Четиринаесет возачи се исклучени од сообраќај, од кои еден заради управување со возило под дејство на алкохол, а 13 управувале возило пред да се стекнат со право за тоа. Затекнати се и 18 нерегистрирани возила кои исто така биле исклучени од сообраќај.
Преземени се и мерки кон 24 возачи за неносење сигурносен појас, против 18 возачи за користење мобилен телефон при упрваување со возилото, по три возачи за неправилно престигнување и за недавање првенство на минување и против осум лица за некористење заштитен шлем при управување со мотоцикли. Еден возач е казнет бидејќи поминал на црвено светло на крстосница.
За непрописно паркирање биле издадени 77 казни, а пајакот подигнал 57 возила.
Ново на Сител
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
-

На Клинички ќе има четири вида на плаќање, а цените ќе ги одредува советот на Град Скопје
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
