За празникот сончево и многу топло, до 40 степени, попладне краткотрајно невреме

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со висока дневна температура во интервал од 33 до 40 степени. Попладне, претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. УВ-индекс 9.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме.
За време на викендот, особено в сабота во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер, над 60 километри на час и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 23 степени, а максималната од 30 до 39 степени.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под дрвја.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
