Македонија
15. September 2016 - 18:49

За пратеници во руската Дума ќе може да се гласа и во Почесниот конзулат на Руска Федерација во Битола

Државјани на Руската Федерација кои престојуваат во Македонија ќе може да гласаат на претстојните избори за пратеници на Државната Дума на Руското Федерално Собрание закажани за 18 септември (недела) и тоа еден ден порано во просториите на Почесниот руски конзулат во Битола, соопштија од Конзулатот. 

- Со цел да се реализираат правата на руските државјани кои живеат во Република Македонија, поточно во општините кои спаѓаат во конзуларнoтo подрачје на Почесниот конзул на Русија во Битола (Битола, Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Прилеп) имаат можност да учествуваат во предвремено гласање кое ќе се одржи на 17 септември (сабота) 2016 година од 8.00 до 20.00 часот на гласачкото место во просториите на Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола: ул.Маршал Тито, бр. 28, тел. 078/251-356, стои во соопштението.

Воедно, се наведува, дека во ова гласачко место, своето избирачко право можат да го остварат и Русите кои имаат постојан престој во Македонија или се наоѓаат овде врз основа на приватна покана, во службена, работна или туристичка посета со важечки руски пасош.